Косовските Срби ја прекинуваат целосно комуникацијата со властите во Приштина

Собранието на општината Косовска Митровица на вонредна седница ја услови Декларацијата за прекин на комуникацијата, соработката, на сите службени и институционални односни со институциите во Приштина.

Градоначалниците на сите четири спрски општини на северот од поранешната српска покраина Косово и Метохија, ќе поднесат во текот на денот оставки, иозјави во Беград шефот на владината Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ.

„Органите на албанската и приштинската администрација во општините на северот од Косово од денеска не постојат. Понатамошно функционирање на локалната самоуправа по приштинскиот, албански систем за северот од Косово се запира, а органите на власта и општинските служби нема да функционираат додека локалното собрание не заседава. Одлуката останува до повлекување на дискриминаторската одлука на Приштина“, е соопштено на вонредна седница во Косовска Митровица.

Ѓуриќ за белградските медиуми потврдил дека од утрото престанале да работат и Србите во судот во Косовска Митровица, додавајќи дека бил известен и дека престануваат со работа и другите органи на косовските Срби.

„Приштина го згази бриселскиот договор, го избриша подот со него, покажа дека не ја интересира ниту Заедницата на српските општини (ЗСО), ниту почитувањата на човековите права на Србите, слободната трговија. Србите сега решија и тие да повелечат линија, да каќат доста,ние имаме наши институции и систем со нашата држава Србија и самио ќже се избориме“, изјави Ѓуриќ, пренесува агенцијата Танјуг.

Повторил дека е потребно да реагира и меѓународната заедница.

„Присуствував на остар разговор кој (српскиот претседател Александар) Вучиќ го имаше со високите претставници на ЕУ, кога јасно рече дека тие молчеа пред петанесет дена, кога им рекол дека мора нешто да преземата и да го вратат Албанците од работ. Сега кога ја премолчувата царината до 100 отсто, не милсете дека е претерано за тоа каде ова ќе заврши, бидејќи нема да заврши никаде добро“,рекол Ѓуриќ.

Истакнал и дека Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа којашто ја поддржуваше официјален Белград а излезе од сегашната косовска влада откако Приштина ги зголеми царинските давачки за српските производи на Косово, го минал полиграфското тестирање, и дека од понеделникот српската полиција можќе да тврди дека тој не го убил Оливер Ивановиќ.