
Ефикасна вечер во НБА лигата имаше Џејмс Харден кој постигна 54 поени на гостувањето кај Вашингтон, но на крајот и тоа се покажа недоволно за неговиот тим Хјустон да остане непоразен. Вашингтон го доби натпреварот со 134:131 по продолжение, откако по 48.минути резултатот беше нерешен 125:125.
Резултати на другите натпревари од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник кон вторник:
Шарлот – Милвоки 110:107
Кливленд – Минесота 95:102
Чикаго – Сан Антонио 107:108
Њу Орлеанс – Бостон 107:124
Јута – Индијана 88:121
Голден Стејт – Орландо 116:110.