
Одложено е денешното рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) под назив „Титаник 2“ во кој обвинети се поранешниот директор на Управара за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков и членикот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.
Причината за одложувањето е поради тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава за Денот на албанското знаме во Тирана.
Освен Мијалков и Тачи, во предметот се обвинети уште и Бедредин Ибраими од ДПА, потоа Елизбета Стефанова, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.