
Семејството на починатиот македонски писател и драматург, Горан Стефановски, објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 05.12.2018 година во Barham Crematorium во Canterbury, Велика Британија, во 9 часот и 20 минути.
По желба на Горан Стефановски, во пригодна прилика пепелта ќе биде фрлена над Охридско Езеро.
Горан Стефановски почина на 27-ми ноември 2018 година, по кратка и тешка болест, во близина на Лондон, каде живееше подолго време.