Наташа Габер Дамјановска нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители е Наташа Габер Дамјановска. Таа беше поранешен член на Уставниот суд, а беше избрана со двотретинско мнозинство од деветмината членови на Управниот одбор. Противкандидати и беа Мирјана Лазарова-Трајковска, Наташа Габер-Дамјановска, Елена Андреева и Александар Маркоски.

На денешната седница не беше избран заменик директор на Академијата, поради неисполнување на условите на единствениот пријавен за оваа функција. Габер Дамјановска е избрана на местото на претходната директорка Анета Арнаудовска, која директорската функција ја вршеше од октомври 2006 година до октомври годинава. Првично седницата беше најавена како затворена, на што вчера реагираше Здружението на новинари на Македонија оценувајќи дека спречувањето на новинарите да ја следат расправата е обид да се работи зад грбот на јавноста и фрла сенка врз процесот на избор на новиот директор.