
Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито, со повремени врнежи од снег на планините со слаб до умерен интензитет.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 целзиусови степени, а дневната од 1 до 10.
Во Скопје очекуваме облачно време со повремени врнежи од дожд, а температурата во текот на денот ќе достигне до 6 целзиусови степени.
Врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во последните денови од ноември.