Телото за помирување допрва ќе договара „помирување“

Телото за помирување допрва ќе договара „помирување“ Без конкретна рамка околу можната селективна амнестија за 27 април, заврши пред малку првата седница на собаниското Координативно тело за помирување, кое заседаваше зад затворени врати.

Според првичните информации, не е поонуден сѐ уште текст како рамка околу која би се воделе разговорите за можната амнестија, а за што се очекуваше предлог од новата независна пратеничка група, која застана зад владиниот предлог за пристапување кон уставни измени.

На денешната седница, според информациите, е договорено да се формираат три работни групи – за интеграции, за реформи и за помирување. Преку групата за помирување, веројатно, ќе се договараат деталите околу можната амнестија со која би биле опфатени оние кои не биле организатори и директни учесници во насилствата на 27 април. Другите групи, пак, би биле ангажирани на постигнување консензус за реформските закони за кои е потребно и двоттретинско мнозинство, а кои се дел од критериумите за ЕУ.

Координативното тело за помирување ќе заседава повторно во петок, кога се очекува присуство и на премиерот Зоран Заев. Денешната седница, според информациите, била главно насочена кон утврдување на методологијата на работа на телото.