ВМРО-ДПМНЕ најави протести секоја среда пред Владата, а секој викенд низ градовите

На неколкуте илјади граѓани, кои се во средата вечерта се одѕваа на повикот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на протестен маршт пред зградата на владата, им се заблагодари лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а од партијата најавија дека секоја среда на истото место а секој викенд ќе бидат организирани протести во градовите ширум земјата.

Со извици „Оставка!“ и „Избори„“ пред Владата на Република Македонија започна протестот на ВМРО-ДПМН, чиј челник Мицкоски ги нарече насобраните најхрабри, а нагласи дека протестот се одржува без организација со  носење автобуси од другите градови.

„Ви благодарам што се одзвавте на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, вам, на најхрабрите, сите вие кои ги трпите притисоците на оваа криминална влада. Знам дека сте со нас и дека го поддржувате секој наш чекор, секоја наша политика за да го спасиме она што остана од оваа земја. Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред Владата. Нашиот ревот е демократски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Излеговме и за националното понижување, но и за економските планови, зашто Македонија е се посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа империјална власт“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека пред две години Заев ветуваше дека ќе ја тргне оградата од Владата, но таа се’ уште е тука.

„Се плашите ли од народот?“, праша Мицкоски.