
Еден работник починал на лице место, а вториот е пренесен со тешки повреди во болница откако биле поклопени со земја додека извршувале градежни работи на потпорен ѕид во општина Кисела Вода, јавува телевизијата Телма.
Изведувач на работите е фирмата „Баџак Инженеринг“ која била ангажирана за изградбата на потпорниот ѕид на улицата Христо Татарчев, крак 14, со потпишан договор од општина Кисела Вода, а избрана на оглас за јавна набавка.
Во интерес на истрагата, од општината не даваат повеќе информации за несреќата.