19.8 C
Skopje
понеделник, април 21, 2025

Експлозија утрово во центарот на Загреб

Во центарот на Загреб во Хрватска, утрово во 6.20 часот одекна силна експлозија.

Полицијата соопшти дека нема повредени, а оштетени се неколку возила и стаклата на станбените објекти во близина.

Како што пренесе „Хрватската радио телевизија“, причината за експлозијата не е позната. Улицата Домагојева утрово е затворена за сообраќај.