
Повеќе од стотина средни училишта во Франција во понеделникот претпладнето беа делумно или целосно блокирани поради протестите против реформата на образованието и, на места, во знак на поддршка на движењето „Жолти елеци“, покажуваа прелиминарните податоци на тамошното министерство за образование.
Клучните барања на средношколските синдикати (UNL, SGL, Fidl и другите), се однесуваат на реформата на матурата и на средните улилишта, како и на платформата за пристап до повисоко образование Parcoursup.
Синдикатот SGL во своето соопштение изрази и „поддршка за мирољубивите ’жолти елеци’, како и жалење за насилствата кои избувнаа во текот на протестите викендов.
Според првичните податоци, со протестот најмногу се погодени градовите Тулуз и Кретеил. Во Ница, речиси илјада средношколци протестираа во знак на поддршка на „Жолтите елеци“ повикувајќи го претседателот Емануел Макрон да поднесе оставка.
Автомобил бил запален пред средното училиште во Оберсвил, една станица на подземната железница поодалечена од Париз, каде што се собрале неколку десетици млади.