
Двете полуфинални двојки во Лигата на нациите се веќе познати. Веќе е јасно дека победници во своите групи во лигата„А“ на турнирот се Португалија, Англија, Холандија и Швајцарија.
Ждрепката беше одржана денес во Даблин, рангирајќи ги следните полуфинални натпревари: Холандија – Англија и Португалија – Швајцарија.
Домаќини на двата дуела ќе бидат Португалците, а натпреварите ќе се играат на стадионите „Ештадио ду Драгао“ и „Афонсо Енрикеш“. Сепак сè уште не е одредено кој меч на кој стадион ќе се игра.
Португалија и Швајцарија ќе ги соочат силите на 5 јуни следната година, а Холандија и Англија еден ден подоцна. Финалето и натпреварот, на кој ќе се одлучува за третото место, се закажани за 9-ти јуни.