УЕФА претстави ново клупско натпреварување

Европската фудбалска асоцијација УЕФА од 2021 година ќе има натпреварување Европска лига 2, соопштено е во понеделникот во Даблин, каде што се одржува конгресот на федерацијата.

Европската лига 2 ќе биде третото натпреварување по важноста во Европа, а во него ќе учествуваат 32 клуба поделени во осум групи во групната фаза. Првите два клуба од секоја група ќе се пласираат во доигрувањето, каде што ќе им се приклучат третопласираните екипи од групната фаза во Европската лига. Победникот ќе обезбеди настап во Европската лига следната сезона. Натпреварите ќе се играат само во четврток.

Од вкупно 55 членки на УЕФА, дури 34 земји ќе имаат најмалку еден клуб во групната фаза од Лига Европа 2. Прваците во националните првенства и натаму ќе одат во претколата од Лигата на шампионите, а само клубовите од 15-те најсилни европски лиги ќе може да учествуваат во претколата за настап во Европската лига.

Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) е рангирана на 39-то место на ранкингот на националните првенства, зад Норвешка, а пред првенството на Малта, во групата земји со 5.000 поени. За споредба водечката Шпанија има 106.998 поени, а втората Англија 79.605 поени.