
„Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.“, гласи уставниот нацрт-амандман 35, кој на денешната пленарна седница го усвоија пратениците.
Амандманот беше усвоен со 64 гласови „за“, 14 „против“, а двајца гласаа воздржано.
Седницата во Собранието продолжи со расправа за последниот амандман, кој гласи: „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.“