
Времето денес ќе биде променливо облачно, со слаба магла во претпладневните часови. Во главниот град температурата ќе се движи од -3 до 8 степени целзиусови во текот на денот.
Маглата ќе биде присутна во одделни котлини и по речните долини во Македонија.
Кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд и снег на планините во северозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а наместа засилен северозападен ветер.