Русија и Грција со најава за зајакнување на воената соработка

„Москва е подготвена за проширување на воено-техничката соработка со Атина и за реализација на нови проекти во оваа област“, изјави рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов.

Тој нагласи дека грчките вооружени сили поседуваат воена техника, произведени во Русија, која била набавена пред 15 години.

„Во моментов соработката во оваа област се развива претежно по линија на одржување на опремата, произведена во Русија. Но, од друга страна, фактот дека Грција е член на НАТО наложува „одредени ограничувања на развојот на воено-техничката соработка со Русија“, додаде Маслов.

Рускиот амбасадор во Атина дополни и дека редовно се одвиваат состаноците на Специјалната комисија за воено-техничка соработка меѓу двете земји.