
Босанската престолнина Сараево и трет ден по ред, беше град со огромна концентрација на загаден воздух опасен по човечкиот живот, покажуваат утринските показатели достапни на мерната станица попоставена во кругот на американската амбасада во Босна и Херцеговина.
Во 9 часот утрово индексот на квалитетот на воздухот (AQI) бил на бројката 383, длабоко во оната којашто означува оапсно состојба којашто влијае опасно врз здравјето и животот на луѓето.
Оваа зона се движи во распонот на AQI од 300 до 500 и е ознака за ситуација екстремно загадување, коишто означуваат големи концентрации на честички прашина, сомпор диоксид и јаглерод моноксид. Класификацијата според индексот AQI ја применува американската Агенција за заштита на природната средина (EPI), а според нивните показатели Сараево и во вторникот повторно бил најзагадениот град во светот.
Втор на овој табела е индиската престолнина Њу Делхи, каде што индексот на квалитетот бил 241, во категоријата означена како „многу нездрава, но којашто се’ уште е за степен подобра од онаа во којашто е сместено Сараево.
Властите на Сараевската жупанија засега не преземаат никакви мерки за заштита на животната средина, а единствено за срфеда најавена е вонредна седница на жупанскиот совет на кој ќе се расправа за овој проблем. Жупанскиот завод за јавно здравство, сепак, упати препорука за што помалку време да минуваат на отоврено и на затруениот воздух.
Значително зголемува на вредноста на отровните материи, односно индексот на квалитетот на воздухот поголем од 200, во вторникот е забележан и во индустриските центри Лукавац и Тузла.