Словачка протера руски дипломат поради шпионажа

Словачка протера руски дипломат откако доби информација од воено разузнавачката тајна служба дека се занимава со шпионажа, изјави денеска премиерот на Словачка, Петер Пелегрини.

Го протеравме на 22 ноември и тој замина од Словачка во следните 48 часа, посочи Пелегрини.

Словачка е членка на Европска унија и на НАТО.