
Ветрот не им помогна на жителите во Битола и Струмица да дишат почист воздух. Таму денес загаденоста на воздухот е четири пати над максимум дозволената граница односно концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот измерени до 19 часот, во Битола е 264mg/m3 додека во Струмица 192 mg/m3.
Токму оваа загаденост ги крена граѓаните да организираат протест против енормното загадување во Битола поддржан од многубројни невладини организации на кои им се приклучија и граѓаните на Битола.
Протестот се одржа пред просториите на општина Битола каде пред насобраните се обратија дел од граѓаните и активистите кои го искажаа својот револт од политиките на централната и локалната власт и испратија пораки до одговорните со цел конечно решавање на проблемот.