
Четири национални здруженија на менаџери за корпоративна безбедност од Хрватска, Словенија, Србија и Македонија, основаа Асоцијација за корпоративната безбедност -Southeast Europe Corporate Secutity Association (SEECSA), чие седиште ќе биде во Загреб.
За претседател е избран проф. д-р. Драган Триван, претседател на здружението на менаџери за корпоративната безбедност на Србија до 2020 година, кога претседателството ќе го преземе Ален Остојиќ, претседател на хрватското здружение на менаџери за корпоративната безбедност.
Освен наведените основачи на SEECSA, како нови регионални асоцијации во светот на безбедноста се проф.др.с.с. Денис Чалета, претседател на словенечкото здружение за безбедност и проф.др. Атанас Козарев, претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност.
Водечка цел на SEECSA е да овозможува на менаџерите за безбедност усовршувања низ интерна академија Business Security Academy, како и размена на информации за трендовите на криминал и технологии и алатки во борба против него, со цел да се осигури безбедноста на бизнис заедницата во Југоисточна Европа.
Наскоро се очекува да се приклучат и менаџерите за корпоративна безбедност на Романија и Бугарија. Како една од првите активности SEECSA планира да организира конференција во областа на економијата и безбедноста во 2019 година во Дубровник.