
Истекувањето на класифицирани информации е казниво дело, порача претседателот Ѓорге Иванов, одговарајќи на новинарско прашање по вечерашното обраќање до граѓаните.
Ние постојано повикуваме и кажуваме дека е казниво истекувањето на класифицирани информации. Ние имавме во медиуми објавување на државни тајни. Кој дозволил државна тајна да излезе од УБК?, праша претседателот Иванов.
Според Иванов, прашањето зошто не се покренува никаква истрага за ова треба да го одговори Јавното обвинителство.