
По две лица ги загубија животите, а еден пешак се здобил со фатални повреди цо петокот во тешки сообраќајни несреќи на патиштата низ земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во едната несреќа, којашто се случила вчера околу 14,30 часот, кај селото Сопот на автопатот Скопје – Велес авомобил „рено меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од 35-годишен жител на Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале и возачот и сопатникот 36-годишник, исто така, од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Втората сообраќајна несреќа со фатални последици се случила синоќа околу 20 часот кога било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола кај селото Вашарејца, се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „мерцедес“, со битолски регистерски таблици, управувано од 38-годишен жител на Неготино, со патничко возило „ауди А6“ со прилепски регистерски таблици, управувано од 34-годишно лице од прилепското село Канатларци, како и автомобил „голф“ со ресенски регистерски таблици, управувано од 37-годишник од Ресен.
Во сообраќајната незгода на само место починале возачот на „ауди-то“ и сопатникот од истото возило 27-годишник, исто така, од село Канатларци, прилепско. Со телесни повреди се здобил другиот 30-годишен сопатник од возилото „ауди А6“, од село Канатларци, и возачот на камионот,
Вчера во 16,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на илезот од Куманово, автомобил „тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од 45-годишен жител на од Скопје, удрило во 73-годишен пешак од Куманово, кој починал на самото место.
Вчера, во 08,50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово пред наплатната рампа Тетово, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 35-годишник од Тетово и патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистерски таблици, управувано од 34-годишник од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил тетовецот, кој со друго возило бил пренесен во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.