
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека светот е во состојба на моќна трансформација која се одвива динамично и оти, доколку Русија не сфати на време што и како треба да направи, постои можност засекогаш да остане во заостаток.
„Светот во целост е во состојба на трансформација: многу моќна трансформација која динамично се развива. Ако на време не се фокусираме, ако на време не сфатиме што и како треба да правиме, можеме засекогаш да останеме во заостаток’, рече Путин на конгресот на партијата Единствена Русија во Москва.
Според него, без јасно разбирање што и како треба да се прави, не треба ни да се доаѓа на власт, затоа што е неопходна програма за дејствување. Истакна дека формирањето највисоки институции на власта во Русија е важна задача, независно од презимето. А зад секое презиме, како што истакна, треба да стои конкретна програма за дејствување.
„Тоа се однесува и на претседателското ниво, и нивото на цладата, и регионалното ниво, на сите“, рече Путин.