
Бринанската парламентарна комисија одговорна за анализа на договорот на премиерката Тереза Меј за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија на 29-ти март 2019 година, го нарече овој договор „огромен чекор во непознатото“.
Британската премиерка Тереза Меј од претходно има големи проблеми со осигурувањето поддршка за договорот за условите и натамошните односи откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ. Во прашање, поради тоа, е доведена и нејзината политичка кариера, а сегашните анализи покажуваат дека во вторник договорот нема да мине во парламентот во Лондон.
Ситуацијата дополнително и’ ја одржна критички интонираниот извештај на меѓупартиската Комисија за излегувањето од ЕУ, кој е едногласно усвоен и објавен во неделата. Првиот човек на комисијата, Хилари Мен смета дека извештајот ќе им помогне на пратениците при носењето на идната одлука.
„Овој договор претставува голем исчекор во непознатото… Тој на британскиот народ и на компаниите не им дава јасност и сигурност, неопходни за идните трговски односи со ЕУ за пет или за десет години“, изјави Бен.
Извадоци од извештајот наведуваат десетина проблеми кои ги носи договорот во моменталната негова форма, а меѓу ни е и ткн „бекстоп“, привременото решение кое гарантира отворени граници на ирскиот остров, но ја става Северна Ирска во малки поинаков трговрски аранжман отколку остатокот од Обединетото Кралство. Комисијата тврди дека Меј го избегнала носењето одлука за идните трговски односи со ЕУ, што значи дека ќе следат дополнителни, долготрајни преговори.
„Доколку главниот приоритет на владата е да обезбеди што помалку болно тргување меѓу ЕУ и Велика Британија, таа мора да одлучи дали е подготвена да ги следи европските правила. Владата засега нема волја да ја донесе оваа одлука“, се истакнува во извешајот.
Иствремено весникот The Sunday Times објави дека премиерката Меј според очекувањата ќе го одложи клучното прашање во вторник за договорот за брегзитот, и оти следната седмица ќе отпатува во Брисел за од ЕУ да побара подобри услови. Весникот цитира „министри и помошници“, коишто рекле дека очекуваат премиерката во недела да објави дека го одложува гласањето. Се очекува дека на гласањето Меј ќе загуби, а министрите се загрижени дека поразот би можел да ја урне нејзината влада.
Меј ќе отпатува во Брисел следната седмица, во последниот обид Европската унија да го поправи договорот за истапувањето на Велика Британија, пишува весникот, по предупредувањата дека се потребни подобри услови за договорот да ја добие поддршката од пратениците. Од кабинетот на Меј во петокот рекоа дека гласањето ќе се одржи следната седмица, и покрај апелите на некои пратеници да се одложи.
Меј, чијашто политичка иднина е на тенок конец, во повеќе наврати беше упорна дека нејзиниот договор, кој предвидува продолжување на блиските односи и по напуштањето на ЕУ, е единтвениот кој е ставен на преговарачката маса, како и дека алтернативите се болното излегување од Унијата без никакво договор или, можеби, воопшто да нема брегзит.
Меѓутоа, притисокот врз Меј во текот на викендот се засили, откако конзервативниот претставник Вил Квинс ја напушти својата позиција во владата во знак на несогласување со нејзиниот договор, а The Sunday Times истакнува дека се очекуваат нови оставки. Неименуван министер за весникот рекол дека ќе ја напушти должноста доколку се гласа во вторник, а во написот се додава дека најмалку двајца министри наклонети на брегзитот и двајца членови на парламентарната група се многу близу да поднесат оставки.
Весникот The Sunday Times, исто така, објавува дека некои министрти планираат и спроведување втор референдум за членството во ЕУ, и дека министерот во кабинетот Дејвид Лидингтон и министерот за правосудствот Дејвид Гок, го размислуваат тоа како можно решение.