
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа којашто во саботата утрото се случила на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај селото Љубодраг.
Во инцидентот се вклучени автомобил „шевролет спарк“ со кумановски регистерски таблици, управувано од 46-годишниот Б.Ј. од Куманово, и патничко моторно возило „фиат браво“ со кумановски регистерски таблици, управувано од 27-годишниот А.Н. од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „шевролет спарк“ 49-годишниот Д.Н. од Куманово, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.