Нема договор со Ибра, размислуваме за Фабрегас

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, потврди дека трансферот на Златан Ибрахимовиќ кај росонерите нема да се оствари. Тој, сепак, не ја отфрли можноста играчот на Челзи, Франсеск Фабрегас да прејде во редовите на Милан.

Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан. Тој разговараше со раководството на ЛА Галакси дека ќе го продолжи договорот со нив. Ние всушност имавме намера за трансфер, но тој изјави дека ако од ЛА Галакси ги исполнат неговите услови, тој ќе остане во американската лига. Тоа и се случи. Можеше да соработуваме, но сепак нема, потврди спортскиот директор.

Што се однесува до трансферот на Фабрегас од Челзи во Милан, Леонардо изјави: „Разгледувавме таква опција, мислам дека има таква можност, но предлог се уште не е изготвен. Ги истражуваме условите.”