Претседателот на aлбанскиот парламент во посета на Македонија

Претседателот на pарламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи, утре ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија каде ќе има тет-а-тет средба со неговиот македонски колега Талат Џафери.

Ручи утре ќе се сретне и со Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија и ќе даде изјава за медиумите