
Поранешниот собраниски спикер и претседавач со конститутивната седница во 2017 година, Трајко Вељаноски утре ќе сведочи на судењето за 27 април. Откако поминаа сведоците на тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, судијката Добрила Кацарска направи распоред на денешното рочиште да бидат сослушани предложените сведоци на обвинетиот Душко Лазаров, а за утре да се сослушаат сведоците на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви и на Богдан Илиевски-Бетмен.
Трајко Вељаноски утрово дојде да сведочи во Основниот суд, но судот го ослободи со образложение дека ќе биде повикан по паузата, но неговото сведочење во договор со судијката и адвокатите, останува за утре.
По паузата од еден час судењето ќе продолжи со сослушување на сведоци на обвинетиот Лазаров.