
Владата во понеделникот ги одржа јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставните измени во Тетово и воо Штип, на речиси еден месец според возниот ред кога во Собранието ќе мора да обезбеди двотретинско мнозинство, а нивното прифаќање е, како што и’ е предочувано на македонската јавност, услов но сепак без гаранции и Грција да го прифати во својот парламент ткн Договор од Преспа како нови услов за евро-атлантските интеграции.
По тридневна расправа, пратениците во Собранието на почетокот од декември ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. По усвојувањето на нацрт-уставните амандмани во Собранието, предлагачот на уставните измени, односно Владата, ја започна јавната расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието. Собранискиот спикер потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандманите, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство, а ќе биде потребно и Бадентерово мнозинство. Со тоа се финализира постапката за уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.
За оние професори и експерти кои ги повика Владата на нејините јавни дискусии, а кои без исклучок ги поддржуваат уставните измени проблемот со името што го создаде Грција пред 27 години, не’ држел како „ заложници и изолирани“, а тоа била наводно причината за тоа што граѓаните, особено младите и академски образованите, се’ помасовно да ја напуштаат земјата . За нив, немало идеален устав и „конечно дошло времето“ да се реши овој проблем. Оценуваат, исто така, дека нацрт-амандманите се „клучната основа“ за натамошно опстојување на Македонија и нејзино вклучување во меѓународните организации. .
Ако го исклучиме од предвид дека власта најверојатно ќе ја избегне драматиката до последниот момент од октомври кога првпат и’ беше неопходно двотретинското мнозинство преку најразлични методи – од притисоци и поткупи до амнестирања на оние пратеници кои претходно ги обвини за најтешки дела против државата, се чини дека јавната дискусија нема да послужи за подобрување на нацрт-амандманите, ниту за убедување на големиот дел од јавноста за оправданоста од овој чин и тврдењето дека не се точни предупредувањата дека договорот за промена на уставното име е штетен и со него ќе исчезне македонската држава и македонскиот народ.
Меѓутоа, и доколку се’ оди според планот на премеирот Заев на домашен план и на средината од следниот месец имаме веќе изменет македонски Устав според одредбите, или поправо, желбите на Атина преточени во Договорот од Преспа, сепак, ситуацијата во Грција е променета од времето на неговото потпишување. А и тамошниот паралемент мора да ги прифати Договорот и да потврди дека е задовелен од промените во македонскиот устава. Имено мора да се има предвид дека во соседната земја ќе се одржат напролет европските избори, а левицата чијашто влада е потписник на документот е во понирање според рејтингот, и многу се можни и предвремени паралментарни избори на кои Ципрас и неговата Сириза, според се’ судејќи нема да имаат мнозинство.
Според анкетата објавена овој викенд, голем дел од Грците, или 62 отсто, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, и тоа 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, односно европските избори, а 18 отсто се заедно со локалните и европските избори во мај.
Но она што силно или па дури решавачко се однесува на Македонија е дека опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 отсто поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто , а по неа следува левичарско Движење за промена со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот. И според тоа, следната влада во Атина би ја воделе огорчените противници на договорот во оваа форма.
Веќе следниот ден по објавувањето на анкетата Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, порача дека доколку Договорот од Преспа не дојде во грчкиот парламент од сегашната влада, тогаш се содава простор за нови преговори. На почетокот од декември токму претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш повтори дека неговата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа и повика истото да го сторат и другите партии и пратеници.
„Само еден начин постои за да го ограничиме опсегот на националната штета: Договорот од Преспа да не се ратификува во грчкиот парламент. Повторувам на најкатегоричен начин: Нова демократија ќе гласа против договорот и ги повикуваме сите партии и сите пратеници да го сторат истото. Впрочем, ова е барањето на големото мнозинство грчки граѓани’, рече пред една седмица Мицотакис за кого изјавите на Заев за изучување на македонски јазик во Грција се неприфатливи и ги зажививало „сите историски неточни иредентистички барања на Скопје“, а со нацрт-амандманите на власта македонската јавност се убедува дека токму од наводниот иредентизам во Уставот се отстранувала голема пречка за евроатлантските аспирации.
Ако се земат, исто така, предвид и изјавите на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов и неговиот сопартиец и европарламентарец Андреј Ковачев, со силно изразени закани за блокирање на македонските евроинтеграции доколку Заев не се откаже од споменувањето на македонски идентитет и македонски јазик и историја, навистина станува проблематично дали Македонија всушност добива две многу веројатни можности за натамошна блокада за членство во НАТО и САД. Така што, извесното изгласување на уставните измени ќе останата само „за внатрешна употреба“, или поточно за конечното редифинирање на државата, според прифатените од Заев барање во ткн Тиранска платформа.