
Пред платото на црквата „Свети Димитриј“ во Скопје на 6. јануари 2019 година ќе се одржи голема Божиќна манифестација по повод најрадосните и најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Слоганот на манифестацијата е Да се радуваме и празнуваме!.
По повод одбележувањето на празникот изработена е видео покана. Нашиот познат пејач Димитар Андоновски посетува едно семејство со пет деца и оттаму упатува порака до сите родители и деца, дека без исклучок, сите се поканети на прославата на Бадник и Божиќ, на која, во духот на празнувањето се е бесплатно