
Полицијата во Франција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, главниот осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур.
Тој во нападот уби две, а рани 14 лица со огнено оружје. Потрагата по него продолжува и целата француска полиција е на нозе. Од полицијата соопштија дека е уапсено и целото негово семејство, но информираа и дека постојат сомневања дека Чекат избегал во Германија.
Во потерницата која ја издаде полицијата Чекат е опишан како 29-годишно момче, 180 сантиметри висок, со кратка коса.