Компанијата на братот на премиерот зарботува од РЕК Битола

Компанијата „СВ ИНВЕСТ“ која се поврзува со името на Вице Заев – брат на премиерот Зоран Заев – добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК БИТОЛА, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер

Лидер прв пишуваше за последната јавна набавка во четири очи која ја доби „СВ ИНВЕСТ“ од РЕК БИТОЛА, на 4 октомври од извори од државната електрана добивме информации дека токму оваа компанија ќе ќари 18 милиони денари без тендер, во 4 очи (линк).. Нашите пишувања се потврдија на 16 ноември, кога бирото за јавни набавки официјално ја обзнани оваа зделка во 4 очи (линк).

Новите сознанија, до кои стигнал порталот со анализа на договорите помеѓу „СВ ИНВЕСТ“ и „РЕК БИТОЛА“, потврдуваат дека компанијата која се поврзува со Вице Заев, всушност не ја поседува механизацијата за која ја добила јавната набавка. Во исто време, работниците кои оперираат со оваа механизација – воопшто не се вработени во „СВ ИНВЕСТ“, туку работат во сосема трета компанија. Практично, без да поседува ништо, фирмата има чиста заработка.

-Последните 18 милиони кои ги добива „СВ ИНВЕСТ“(22 милиони со ДДВ), се за ангажирање на два типови на механизавија „автодигалка од 13 до 25 тони на транспортни ленти од минимум 100 киловати – гасеничар“ и „Автодигалка од 13 до 25 тони“, за 1 час работа во РЕК, „СВ ИНВЕСТ“ , ќе заработи вкупно 8740 денари (142 евра) за оваа механизација. Вкупната дневна заработка за фирмата „на Вицето“ е 1136 евра, со оглед на тоа што машините работат 8 часа, стои во текстот на порталот.

Целиот текст со документите може да го прочитате на ЛИДЕР.