
МВР денеска информираше дека пронајдени се две лица, откако вчера во нивниот извадок за дневни настани, имаше две пријави за исчезнати 22-годишниот Б.М. и за 14-годишно девојче.
„Во врска со исчезнатото лице Б.М.(22) објавено на сајтот на МВР во текот на вчерашниот ден (13.12.), ве информираме дека Б.М. е пронајдена. Во врска со исчезнатото лице на возраст од 14 години објавено на сајтот на МВР во текот на вчерашниот ден (13.12.), ве информираме дека лицето е пронајдено“, велат од МВР.