
Функционерите на американската служба за имиграциии и царина ICE, објавија дека во 2018 година уапсиле најголем број нелегални имигранти на територијата на САД, од која и да е друга година по 2014-та.
Службата на американската царина за нелегални имиграции во 2018 година уапсила 158.851 мигранти, што е за 11 отсто повеќе отколку во претходната 2017 година, според податоците на споменатата агенција.
Апсењата коишто ги извеле агентите на ICE на мигранти без криминални досиеја но кои незаконски влегле на територијата на САД се зголемиле за една третина споредено со 2017-та, и сега изнесува 20.464 мигранти. Сличните апсења сочинуваат 13 отсто од сите апсења што ги извршиле агентите на агенцијата, во споредба со 11 отсто во 2016 година.
Другите имигранти уапсени од ICE минатата година биле осудени криминалци или имале „пресуди во тек“ кога биле уапсени. Според податоците на агенцијата, другата категорија „можеби“ вклучува лица кои не биле уапсени, но уште „не се или нема да бидат никогаш осудени за криминал“. Бројот на лицата со пресуди бил за 48 отсто поголем отколку во 2017 година, додека бројот на осудените бил за малку помал. Имено, осудените имигранти сочинувале 66 отсто од сите апсења минатата година, додека на оние коишто „во тек им се пресудите“ изнесувал 21 процент.
Откако на власт е администрацијата на претседателот Доналд Трамп, агентите на службите за царини и имиграции ги проширија апсењата, приведувањата и депортациите на лицата коишто незаконски влегле во САД, вклучително и на оние без криминални пресуди или без криминално минато или оние кои се „длабоко вкоренети во своите заедници“.
Најчестите обвинувања или пресуди за уапсените од страна на американските служби, според нивните податоци, се возење под влијание на опасни дроги, сообраќајни прекршоци, миграција за оние кои влегувањето во земјата е незаконско, незаконско влегување повеќе од еден пат, лажно сведочења за државјанство или криумчарење на странци.