
Мис Филипини, Катриона Греј, беше избрана за Мис Универзум на синоќешниот 67-ми натпревар за убавина одржан во тајландскиот главен град Бангкок.
Како што јавува ДПА, 24-годишната Греј е телевизиска водителка, манекенка и пејачка по потекло од Австралија.
На прашањето која е најважната лекција што ја научила во животот, убавицата одговорила дека научила да биде благодарна и да се стреми кон убавина додека била наставничка во училиште каде што учеле деца од различно статусно и општествено потекло во предградие на Манила.
Како втора избраничка на натпреварот заврши Тамарин Грин од Јужна Африка, а како трета Стефани Гутерес од Венецуела.
Натпреварот Мис Универзум третпат се одржува во Тајланд, кој пак, последен пат беше домаќин на ваков настан 2005 година.
Погледнете го моментот на прогласување и крунисување на убавиците….
https://www.youtube.com/watch?v=9583zROuL6U