
Осминафиналните двојки во Лигата на Шампионите беа одредени, по ждрепката во Нион. Првите натпревари се во февруари 2019 година.
Ждрепката оформи крајно интересни соочувања, во кои ќе се спротивстават Ливерпул, на германскиот тренер Јирген Клоп против шампионот на Германија, Баерн Минхен, како и Кристијано Роналдо со тимот на Јувентус против мадридски Атлетико.
Парови, по редослед на нивното одредување:
Шалке 04 – Манчестер Сити
Атлетико Мадрид – Јувентус
Манчестер Јунајтед – Пари Сен Жермен
Тотенхем – Борусија Дортмунд
Олимпик Лион – Барселона
Рома – Порто
Ајакс – Реал Мадрид
Ливерпул – Баерн Минхен
Датумите за осминафиналето се 12/13 февруари и 19/20 февруари за првите средби и 5/6 март и 12/13 март за реваншот.
Финалето ќе се одигра на 1 јуни 2019 година во Мадрид, Шпанија.