
Само неколку часа по разделбата на Манчестер Јунајтед со Жозе Мурињо, медиумите во Англија направија проценки за неговиот престој на „Олд Трафорд”.
Португалецот потроши цели 369.5 милиони фунти за трансфери, но со привлечените играчи не успеа да постигне некаков триумф. Да, тој има трофеи, но не какви што му доликуваат на огромен клуб како Манчестер, анализираат островските медиуми.
Со Мурињо на чело, клубот го освои Купот и Лига Европа. Но, тој не успеа да се избори за титула во Премиер лигата или трофеј во Лигата на шампионите.
Тој го постави и рекордот на клубот за привлекување на Пол Погба, за кого биле платени 89 милиони фунти. Имаше и други скапи трансфери, како Ромелу Лукаку (75 милиони фунти.), Фред (55 милиони фунти.), Немања Матиќ (40 милиони фунти.), Хенрик Мхитарјан (30 милиони фунти.), Виктор Линделоф (30 милиони фунти.) , Ерик Баи (30 милиони фунти) и Диого Далот (19 милиони фунти). Единствено третиот голман Ли Грант дојде за поевтина сума – 1.5 милиони фунти.
Тимот е на пат да загуби секакви шанси за добар пласман во оваа сезона и покрај скапиот состав, па оттука доаѓаат и негативните ставови во оценката за Жозе Мурињо. Неговата плата изнесувала 22,5 милиони фунти, па затоа неговата сметка за „Олд Трафорд” е уште поголема.