
Министерството за труд и социјална политика информираше дека во следните 15 дена објектот „Ташко Караџа“ во Општина Бутел нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили.
Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот била извршена вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а Министерството ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест. Исто така, Министерствто за труд и социјална политика ќе издаде и препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.