
Новооткриен слеп водоземец ќе биде именуван по американскиот претседател Доналд Трамп и ќе се нарекува Demorphis donaldtrumpi, пренесе Би Би Си.
Името е избрано од сопственикот на компанијата EnviroBuild, Ајден Бел, кој победи на аукцијата за да биде „кумот“, задоволство што го чинеше 25 илјади долари. Бел го образложи своето решение со фактот дека амфибијата има навика главата да ја закопа в земја, што според него, потсетува на ставот на Трамп во однос на климатските промени. Водоземецот беше откриен во Панама, а му се заканува исчезнување поради глобалното затоплување.