Караџоски и Судскиот совет си ги зголемиле платите за плус 21.000 денари

Жарко Караџоски, Претседателот на Судскиот совет како претседателот на Судскиот буџетски совет, заедно со членовите донел одлука за зголемување на платите на ова тело за 21.000 денари, објави 1ТВ претпладнево, приложивајќи и документ со вчерашен датум.

Станува збор за зголемување на платите за 35 отсто, а дејството ќе биде ретроактивно и ќе има исплата на овој надоместок и за платите од септември и октомври.

Караџоски претходно ја најави ваквата одлука, повикувајќи се на одредби од Законот за судски совет., но тоа од друга страна предизвика револт кај Синдикатот на управата, судските органи и здруженија на граѓани кои се пред носење одлука на штрај поради овие селективни привилегии.