
На 19.12.2018 година околу 17:15 часот во Штип на улица „Браќа Даневи“ при гаснење на пожар (оџак од зграда на наведената адреса), на Ѓ.Џ.(57) – пожарникар, му се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип.
За жал, таму само била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен бил увид на местото на настанот.