Со ваквиот Буџет, граѓаните не може да бидат сигурни

Затуроска: За Заев, аболицијата од Црвенковски била уставна, а на Иванов не

Апсолутно неточно е дека Буџетот за 2019 година нуди стабилност и безбедност и дека тој главно е  фокусиран на граѓаните, рече во четвртокот Лилјана Затуроска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, на седницата во Собрание во реплика на еден од пратениците на владејачката СДСМ.

„Бидејќи еден ваков Буџет каков што го имаме денес пред нас истиот можеме да го карактеризираме само со две карактеристики, и тоа прво дека Буџетот за 2019 година е неразвоен и второ дека Буџетот за 2019 година не кореспондира или несоодвествува со реалната ситуација во којашто Република Македонија се наоѓа’, појасни Затуроска.

Овие две карактеристики, истакна Затуроска во продолжение на репликата, се доволен показател за граѓаните во Република Македонија да знаат дека во 2019 година не можат да бидат сигурни со ваков Буџет, а најмалку можат да бидат безбедни.