
Еден човек е убиен во пукање во центарот Виена, соопштија во петокот претставници на полицијата на австриската престолнина додавајќи дека се’ уште не се јасни поединости од инцидентот.
„Две лица добија огнострелни рани во центарот на градот во близина на ресторан. Полицијата во моментов трага по стрителот. Причините за инцидентот се испитуваат“, изјавил полицискиот портпарол.
Во првите вести на австриските медиуми беше пренесено дека двајца мажи се тешко ранети во пукањето. Потоа портпаролот на виенската полиција додаде дека „еден од настраданите починал“.
Истрелите од огнено оружје се истрелани во петокот по 13,30 часот по локално време во рестроранот „Figlmuller“ во центарот на Виена, објавија медиумите.
Екипи за службата за вонредни ситуации и припадници на специјалните полициски единици „Кобра“, чија намена е справување со тероризмот во Австрија се на теренот. Корисници на социјалните мрежи јавуваат дека центарот на Виена го надлетува полициски хеликоптер, оти се блокирани многу улици и се забалежани засилени полициски патроли.
Од австриската полиција, исто така, соопштуваат дека нема закани по безбедноста на виенчани по пукањето во центарот на градот.
„По пукањето во центарот на градот се преземаат мерки за пронаоѓање (на сторителот). Во моментов нема никаква опасност за лицата кои се наоѓаат во областа“, Лугек додава полицијата.