Клиперс ги надиграа Маверикс, Хит подобри од Рокетс

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни само два натпревара во кои Лос Анџелес Клипер гу победија Далас Маверика, а Мајами Хитс беа подобри од Хјустон Рокитс.

Клиперс со 125:121 славе дома против Маверикс, а најзаслужен за победата беше Данило Галинари со 32 коша кого го следеш Лу Вилијамс со 26 поени. На Далас не му помогнаа ниту повторно расположениот „руки“ Лука Дончич со 32 поена, кој имаше поддршка од Хозе Хуан (Џеј Џеј) Баера со 19 поени.

Со оваа победа Клиперс ја прекратија серијата од четири последователни порази, додека за Маверикс ова е четврти последователен пораз.

Клиперс во првата четвртина ја завршија со серија 16:7 за водството од 30:27. На полувремето клубот од Лос Анџелес водеше 65:54. Маверикс се вратија во мечот во третата четвртина кога ги надиграа Клиперс со 28:24, а првпат по првата четвртина минаа во водство од 90:89 на 11 минути до крајот. Клиперс ја преземаа контролата на средбата на малку повеќе од три минути до крајот и не ја испуштија предноста.

Мајами Хитс дома со 101:99 беа подобри од Хјустон Рокитс кои ги предводеше Џејмс Харден со 35 кошеви, 12 асистенции и 6 скокови. Џош Ричардсон за Хитс уфрли 22 коша, додек Тилер Џонсон додаде 19.

Ерик Гордон не погоди обид за „тројка“ од левата крилна позицијана 0,6 секунди до крајот којашто можеше да му ја донесе победата на Хјустон. Рокитс остнаа без Крис Пол кој мораше натпреварот да ги напушти во втората четвртина поради повреди на препоните, но засега не е познато колку долго ќе отсуствува од терените.