Возач на мопед со тешки повреди пренесен во Ургентен

Триесет и осум годишниот охриѓанец Ј.К. се здобил во тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 14 часот се случила на ул.„Тодор  Александров“ во Скопје.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Рено “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П (66) од Скопје  и мопед „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К(38) од Охрид. Возачот на мопедот Ј.К. со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен во Ургентен центар -Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.