
Иднината на Џенаро Гатузо во Милано ќе биде решена по следните два натпревара, објавија италијанските медиуми.
Популарниот Рино мора да извлече максимум од средбите против тимовите на СПАЛ и Фросиноне.
Вчера, „росонерите’ доживеаја пораз со 0:1 дома од Фиорентина.
Во следните две натпревари, „црвено-црните“ мора да запишат победи, но и да покажат добра игра.
Фаворит за заменик на стратегот е Арсен Венгер.