
Во својата најнова објава на Фејсбук, Ивор Мицковски коментира дека рекетот и мафијата во Македоница цветаат и дека Македонците и Албанците се масовно разочарани.
„10 години беа со режимот. Не тендери, не криминал, не учество во режимот, што не направи ДУИ.
Албанците најгневни, најзапоставени. Доаѓа демек спасувачот Заев, го гласаат масовно, предупредувачка порака до ДУИ.
Што прави Зоки, на локални работи повеќе за ДУИ од Али, ги воскреснува, мочајќи се на волјата на албанскиот електорат.
ДУИ за возврат експресно го внесува коалицискиот партнер во тендерската коалиција, криминалот и корупцијата цветаат зад маглата на европските реформи.
ДУИ добива се што ќе побара, Албанците и понатаму се мизерни и маргинализирани, македонскиот електорат масовно разочаран.
ДУИ се во внатрешна пресметка, неколку убиства, гамбизирање на непријателски кланови, мафија пука пред СЈО, коли се палат секој ден, рекет и мафија цветаат.
Знаете ли бе вие каде одите, за која Европа вие зборите со вашево понашање. Ги надминавте ВМРО алооо, што ни сервиравте.
И ќе држат трибини против омраза. Па има ли поголема омраза од вашето владеење“-пишува Мицковски.