(ВИДЕО) Традиционално, пливајќи во студени води, Германци го славеа Божик

Група Германци, уште познати како „берлинските фоки“, запливаа во студените води на езерото „Оранке“, на 25 декември, традиционално одбележувајќи го Божик.

Температурата на водата изнесувала 4,9 степени целзиусови, но и покрај тоа учесниците се согласија дека настанот им е исклучително важен, но и забавен.

„Берлинските фоки“ се подготвуваат за божикното пливање уште од средината на септември, пливајќи во езерото секоја недела во 10 часот.

Традицијата датира од 80-тите години, кога делот од Берлин, каде се наоѓа езерото Оранке, припаѓа на Источна Германија.