
Педесет и четиригодишната жена од Дебар е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 21 часот.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на локалниот пат Ростушко анче – Ростуше, кога патничко моторно возило „Цитроен ксара“ со германски регистерски ознаки, што го управувал Н.А.(57) од Дебар, загубило контрола и излетало од коловоз.
-Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото В.А.(54) од Дебар, која е пренесена во дебарската болница, а по укажаната лекарска помош, префрлена е во охридската болница, истакнуваат од МВР.