
Албанското Министерство за одбрана за уште една година го продолжи учеството на својата морнарица во операциите за трагање и спасување на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС).
Министерката за одбрана Олта Џачка изјави дека мисијата воени бродови, првенствено во Егејско Море, ќе продолжи и во 2019 година.
Таа додаде дека албанските морнари спасиле илјадници животи во изминатите две години, кога бегалците се обидувале да преминат од Турција во Грција.